- 24/7info@cybermedico.net
- +386 69 734 825 / +389 78 734 169

Ана Маркоска
Психолог




Јас сум Ана – психолог од новата генерација. Тука сум да те слушам, вистински да те разберам и да ти помогнам да внесеш ред дури и кога во главата ти е хаос. Ако се наоѓаш во период на промена или транзиција… чувствуваш несигурност или анксиозност… мислите те обземаат, а внатрешниот критичар е погласен од твојата самодоверба… ако постојано ги преиспитуваш одлуките или се соочуваш со повторувачки дилеми во интимните релации... Тогаш ова е место каде што можеш да застанеш и да земеш здив. Без разлика дали си студент/ка, млад/а професионалец/ка, родител/ка или едноставно сакаш да работиш на себе, тука си прифатен/а и добредојден/а. Заеднички градиме психолошка структура, учиме техники за емоционална регулација и го зголемуваме квалитетот на комуникацијата со себе и со другите. За пофункционален живот, во кој ништо не те спречува да ги оствариш своите максимални капацитети и да го живееш најдоброто од себе.
Онлајн психолог
Онлајн психолог – Професионална поддршка, секогаш достапна
Грижата за менталното здравје никогаш не била полесна. Преку нашата платформа можете да се поврзете со професионален психолог од удобноста на вашиот дом, без стрес, чекање или патување.
Без разлика дали се соочуваш со анксиозност, стрес, депресија, проблеми во врска или едноставно ти треба разговор, нашите психолози се тука да ти помогнат со професионален и индивидуален пристап.
Видео или писмени консултации според ваша желба
Дискретност и заштита на вашата приватност
Флексибилни термини – кога вам ви одговара
Брз пристап до стручна помош, без одење во ординација